More

    Работна вечера за учесниците на Парискиот форум

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски и неговата сопруга Елена Ковачевска синоќа во Елисејската палата беа гости на работната вечера со претседателот на Француската Република Емануел Макрон, во пресрет на Мировниот форум кој се одржува во Париз.

    Работната вечера за шефовите на држави и влади ја организираа шефот на француската држава и неговата сопруга Брижит Макрон.

    Да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот, објави синоќа на Фејсбук премиерот Ковачевски, со фотографија на која тој се ракува со Макрон.

    Парискиот мировен форум е инициран од Макрон во 2018 година со цел да ги собере светските лидери за соработка како клучен фактор за соочување со глобалните предизвици и обезбедување траен мир. Годинашниот форум е насловен „Потрага по заеднички јазик во свет на ривалство“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img