More

    Предупредувања за Вашингтон поради поддршката за Израел

    spot_img

    Силната американска поддршка за воената кампања на Израел во Газа доведува до зголемен гнев кај арапската јавност кон Вашингтон, предупредуваат американските дипломати во арапските земји, објави Си-Ен-Ен.

    Во предупредувањето испратено до администрацијата во Вашингтон, американските дипломати изразуваат длабока загриженост поради зголемениот гнев кон САД, откако Вашингтон „го поддржа правото на Израел да се брани по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.400 Израелци“.

    Во телеграма од американската амбасада во Оман во средата, се наведува дека силната американска поддршка за акциите на Израел во Газа се смета за соучесништво на САД во она што се смета за можни воени злосторства.

    Телеграмата од амбасадата во Оман е испратена до Советот за национална безбедност на Белата куќа, ЦИА и Федералното истражно биро (ФБИ).

    Во друга телеграма, до која дојде Си-Ен-Ен, испратена до Вашингтон од американската амбасада во Каиро, беше пренесен коментар објавен во државните египетски весници дека, како што е наведено, „суровоста на претседателот Бајден и неговата негрижа за Палестинците ги надминаа сите претходни американски претседатели“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img