Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отворањето на 6-от Париски мировен форум. Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.
На Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски ќе се обрати на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзана имплементација на целите за одржлив развој”.
Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.