Нетанјаху: Нема прекин на огнот во Газа без ослободување на заложниците кои ги држи Хамас

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu attends a joint press conference with German Chancellor Olaf Scholz, in Tel Aviv, Israel, Tuesday, Oct. 17, 2023. Maya Alleruzzo/Pool via REUTERS
- Advertisement -
Ad image

Прекинот на огнот во Појасот Газа зависи од ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Израел обезбедува безбедни коридори за цивилите кои се протегаат од север до југ на Појасот Газа, низ кој само вчера поминаа 50.000 жители на Газа“, се додава во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, пренесува Анадолија.

Нетанјаху ги повика жителите на Газа да се упатат кон југ, повторувајќи го она што го кажа пред неколку недели, иако продолжуваат израелските напади врз јужниот дел на Газа.

Претходно во четвртокот израелската војска објави дека „нема прекин на огнот во Газа, туку ограничени тактички и локални паузи“.

И покрај меѓународните повици и апели за хуманитарен прекин на огнот, израелската влада продолжува да се спротивставува на договорот, иако Белата куќа во четвртокот соопшти дека Израел се согласил на четиричасовни дневни хуманитарни паузи во северниот дел на Газа.

Според Министерството за здравство во Газа, повеќе од 10.000 цивили се убиени, вклучително и повеќе од 4.000 деца, од почетокот на конфликтот на 7 октомври по прекуграничен напад на Хамас.

Share This Article