Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за тоа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со Гилес Норман, амбасадор на Канада во Македонија, со кој зборуваа на сите актуелни општествено – политички прашања.

Мицкоски констатирал дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, дека нема борба против криминалот, и дека власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите појави.

„Претседателот ја истакна посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за влез на Македонија во ЕУ, на база на рамноправност и почитување на принципите, а не на диктати. Истовремено претседателот се заблагодари на поддршката која ја добиваме од Канада како држава, но и изрази надеж дека тоа ќе продолжи и во иднина“, се наведува во партиското соопштение.

Share This Article