Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не гледа дека Извештајот на Европската комисија е негативен за Македонија.
– Би сакал да го прочитате сите Извештајот и да видите каде има збор „назадување“, бидејќи јас никаде не прочитав збор „назадување“ – рече Маричиќ.
Според него, има напредок во 80 отсто од поглавјата.
– Комисијата дава објективен пресек на напредокот но и на слабостите. Произлегува важна порака, имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, а не е нотирано назадување. Оценката е добро ниво во 2023 година и е солидна константа веќе неколку години наназад. Во делот на кластерот Фундаментални вредности, се нотира дека државата испорачува резултати – вели Маричиќ.
За разлика од него, евроамбасадорот Дејвид Гир даде низа критики, дека во Македонија има зголемена висока корупција, злоупотреба на ЕУ знаменцето, но и дека има недоверба во судството.