Саудискиот второлигаш Ал Ахли летово се обиде да го доведе капитенот на пламените со понуда од 200 милиони евра за три сезони.
Освен нив го бараа и од Ал Итихад, но Модриќ ги одби понудите и остана во Реал, прифаќајќи десет пати помала сума од понудата на Саудијците.
Минатото лето Руди Галети прв извести за тоа, а истиот италијански новинар сега носи нови информации.
„Ал Ахли се подготвува повторно да контактира со Лука Модриќ, за да го доведе во зимскиот преоден рок. За купување на Хрватот во јануари е заинтересиран и Ал Итихад. Двата клуба прво ќе стапат во контакт со Модриќ, а со Реал само доколку Хрватот им каже дека е заинтересиран“, најави Галети.