Во средата неколку лица беа медицински прегледани во Хрватска поради сомнение за труење по консумирање газирани пијалоци. По наредба на санитарната инспекција, компанијата Кока Кола повлече дел од производите од пазарот.
Сомнителните труења по конзумирање безалкохолни пијалоци продолжуваат да одекнуваат во Хрватска. Најпрвин маж во Риека наводно бил отруен со вода од брендот Römerquelle, кој му припаѓа на светски познатиот производител на пијалоци Coca-Cola и се флашира во Австрија за хрватскиот пазар, а потоа биле пријавени уште неколку случаи низ земјата.
Според последните податоци, 34 лица побарале помош во десет болници низ земјава поради сомневање за труење со газирани безалкохолни пијалоци, најмногу во Загреб. Во Клиничкиот центар во Загреб се лекувале 17 лица. Кај двајца биле пронајдени чирови, но никој не останал на лекување. Шест лица се примени во болницата „Сестрите на милосрдието“ во Загреб, од кои сите се отпуштени дома. Болницата Меркур во Загреб ја посетиле две лица. Еден е задржан во болница, а еден е отпуштен дома.
Во болница во Риека е хоспитализиран и еден пациент. Уште тројца пациенти побарале лекарска помош во Сплит и по еден во Карловац, Вараждин, Винковци, Чаковец и Вировитица. Кај пациентот во Вараждин биле пронајдени чирови, но тој не бил задржан на болничко лекување, јавува Н1 Загреб.
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош во средата изјави дека постојат одредени индиции кои би можеле да бидат причина за наводното труење на луѓе. Како што рече, при процесот на чистење на шишињата може да се појават „недоволно дефинирани елементи, што пак може да предизвика вакви настани“, додаде тој, пренесува N1 Загреб.
Инспекциските служби вчера попладне во јавноста доставија анализа од Река. Според хрватските медиуми, во земените примероци од пијалокот Ремеркеле не била откриена зголемена содржина на киселина. Резултатите од анализите на пијалокот Кока Кола се очекува санитарната инспекција да ги соопшти во следните неколку дена.