More

    Вархеји: Земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ иако властите на Северна Македонија продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат

    spot_img

    Земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ иако властите на Северна Македонија продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

    – Парламентот и Владата се залагаат да почнат и приоритетно да се спроведат релевантните уставни измени. Се надеваме дека сите страни ќе го поддржат тоа за земјата да оди напред – изјави Вархеји, додавајќи дека спроведувањето на уставните измени е суверена одлука и определба на земјата, која дополнително би ги зајакнала основните права.

    Според него, загриженост предизвикаа некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво.

    – Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата, вклучително и преку солидни истраги, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење –  додаде Вархеји.

    Во однос на скрининг процесот, еврокомесарот посочи дека тој напредува непречено и дека властите на земјава покажале високо ниво на посветеност во неговата реализација.

    Тој во обраќањето потсети дека Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и со Босна и Херцеговина, откако земјата ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство.

    – И понатаму, препорачуваме да и се даде кандидатски статус на Грузија како признание дека земјата презеде одредени чекори – додаде Вархеји.

    Тој се осврна и на Планот за раст на Западен Балкан, чија цел, како што рече е да се поттикнат економиите на земјите во регионот во следните години со цел да се намали социо-економскиот јаз меѓу нив и членките на Унијата до крајот на оваа деценија.

    Според него, долгорочната цел е да му се помогне на регионот да го постигне својот целосен потенцијал во однос на капацитетот за економски и социјален развој во споредба со земјите членки на ЕУ до 2030 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img