Големо интересирање во светот од секогаш предизвикувал начинот на кој Јапонците ги воспитуваат децата, а кое се нарекува „икудзи“ и кое не е само педагошки метод, туку цел филозофски систем усмерен на воспитување и образование на младите поколенија.
Единството на мајката и детето: во првата година од животот мајката и нејзиното дете се една целина.
Мајката во Јапонија ја нарекуваат „амаз“. Многу е сложено да се преведе значењето на тој израз, но глаголот кој е изведен од таа именка означува претежно „да се гали“, „да се штити“, „да се биде заштитник“. Во текот на вековите воспитувањето на децата во јапонското семејство било обврска на жената. Меѓутоа, во 20.век карактерите и навиките драстично се смениле. Ако некогаш припадничките на поубавиот пол се занимавале исклучиво со домаќинство и со други домашни обврски, денеска современите Јапонки учат, работат, патуваат. Но тоа не им пречи, ако се одлучат за мајчинство, целосно да му се посветат.
За Јапонката не е препорачливо да биде вработена додека детето не наполни три години и да им го препушти детето на чување на бабата и дедото. Главна обврска на жената е да биде мајка, а на пренесувањето на своите обврски на некој друг, во Јапонија не се гледа со одобрување.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels