More

    Хрватска корпорација ги повлекува од продажба сите производи на „Кока-Кола“

    spot_img

    Хрватската корпорација Фортенова – Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик, објави дека од своите продавници ги повлекува сите производи на „Кока Кола“ како превентивна мерка по неколкуте случаи на труење, пренесуваат хрватските медиуми.

    „Со главна цел да го заштитиме здравјето на нашите клиенти и сите други засегнати страни и одговорен пристап кон целокупниот бизнис, членовите на групацијата Фортенова – Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик, од својата малопродажна и големопродажна мрежа доброволно и превентивно ја повлекуваат целата палета на безалкохолни пијалоци произведени од „Кока-Кола“. Таа привремена одлука на групацијата Фортенова ќе важи се додека не добиеме официјална информација за безбедноста на производот и инструкции како да постапиме од надлежните институции и производители“ – се наведува во соопштението од групацијата.

    Претходно, хрватскиот Државен инспекторат ја извести јавноста дека времено е забрането пуштањето во промет на сомнителни производи, кои доведоа до неколку случаи на труење во Хрватска.

    „Кока-Кола“ во Хрватска објави дека повлекува од продажба три серии пијалоци.

    „Привремено повлекуваме една серија Coca-Cola Original Taste 500ml (PET) во пластична амбалажа од пазарот согласно Усна одлука на Државниот инспекторат на Република Хрватска, серија производи Coca-Cola Original Taste, газиран безалкохолен пијалок 500ml PET произведен на 11 октомври 2023 година со рок на траење до 11 април 2024 година“ – известија од компанијата.

    Истовремено, од пазарот е повлечена и миниралната вода Romerquelle Emotion со вкус на боровинка и калинка, во стаклена амбалажа од 330ml.

    „Иако нашата внатрешна анализа не покажа неправилности во производството или во производите, решивме и привремено да повлечеме две ограничени серии Romerquelle Emotion боровинка калинка 330 ml во стаклена амбалажа до завршување на официјалната истрага. Станува збор за серии произведени на 27 мај 2023 година (со рок на траење до февруари 2024 година) и 22 јуни 2023 година (со рок на траење до март 2024 година)“ – известија од хрватското претставништво на „Кока-Кола“.

    Седум лица во Хрватска досега побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводникот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалоци.

    Труењата се случиле на подрачјето на Риека, Загреб и Вараждин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img