Шест нови пациенти се затруени и лежат во болница поради газиран сок, објавија хрватските медиуми. Резултатите од анализата на 16 шишињата пристигнале потврди ХРТ, а тамошниот министер за здравство Вили Берош ги повикува граѓаните засега „да пијат само обична вода“. Случај со можно труење со киселина во пијалокот вчера ја разбранува хрватската јавност.
– Има уште неколку, сите се полесно повредени, со многумина е прашање дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола – изјави Берош за загрепската телевизија Н1.
Тој порача дека најдобро е да не се консумираат газирани пијалоци.
– Мора да бидеме внимателни, но нема потреба од паника – додал тој.
Можните симптоми кои би настанале според хрватското Министерство за здравство се ненадејна болка и печење во усната шуплина, крварење од мукозната мембрана на усната шуплина и променет вкус на пијалокот.
„Некои јадеа солени стапчиња“
Берош информирал дека пациентите имаат поблаги симптоми и дека повеќето ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четворица од шестмината се примени во Загреб, едниот е во Вараждин, а уште еден има во Виноградска.
– Не пиеле сите исти пијалоци. Некои велеа дека јаделе солени стапчиња. Мора да поврземе се и да не ја плашиме јавноста. Кога ќе се воспостави одредена врска, јавноста ќе биде информирана, а дотогаш препораката е да се пие вода од водоводниот систем – изјавил министерот.
Кај двајца од шесте пациенти постои поврзаност
Кај двајца од шесте нови пациенти се потврдени промени кои настанале поради пиење газирана вода, кај тројца е исклучена каква било поврзаност, додека состојбата кај едно лице уште се истражува.
– Конзумирале газирани пијалоци, а се работи за повреди на слузницата, ерозивни промени на слузницата, за среќа во поблага форма кај двајцата пациенти. Главно се работи за помлади луѓе – објасни Иван Горник, раководителот на Унифицираниот итен болнички прием на КБЦ Загреб.
Не пијте, сите што пиеле веќе добиле симптоми
Тој рече дека симптомите се појавуваат веднаш или со мало задоцнување.
– Не пијте, сите што пиеле веќе добиле симптоми.
Хемиска или психогена реакција?
Се утврдува и дали реакцијата кај пациентите е од хемиска причина или психогена реакција.
Хрватската „Кока-кола“ вчера потврди дека еден случај е поврзан со нивниот пијалок од линијата минерална вода „Ремеркеле“ (Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate) во стаклено шише од 330 милилитри.
Вчера беше обзнаено дека едно лице се затруло со гкиселина откако испило безалкохолен пијалок во кафуле.
Во Србија ја нема таа газирана вода, австриската „Кока Кола“ не нашла проблеми
Од друга страна, компанијата „Кока-кола ХБЦ Србија“ денеска соопшти дека водата поврзана со случајот со труење во Хрватска не се користи во производите на компанијата на српскиот пазар, објавуваат медиумите во Србија.
Портпаролот на австриската Кока-Кола, каде што се наоѓа фабриката за флаширање во Ремеркеле за хрватскиот пазар, за хрватски „24сата“ изјавиле дека не откриле никакви проблеми во сопственото производство:
– Работиме во согласност со највисоките стандарди за квалитет и безбедност на храната, кои редовно се проверуваат од надлежните органи. Паралелно, спроведовме темелна внатрешна истрага која не откри никакви проблеми во нашето производство. Покрај тоа, испративме мостри до независен, акредитирана лабораторија за понатамошно тестирање – велат тие.