Најновите податоци од истражувачите покажуваат дека 2023 година која беше полна со екстремни временски услови, од смртоносни топлотни бранови до апокалиптични поплави и пожари кои бесенат низ светот, е најтоплата година во историјата. Овие податоци ги потврдија ги стравувањата на научниците кои предупредуваа за последиците од климатските промени.
Истражувачите предупредија на загрижувачки пораст на температурите во текот на октомври 2023 година. Според податоците на службата за климатски промени на ЕУ „Коперник“, глобалните просечни температури на воздухот во октомври годинава биле за 0,4 степени Целзиусови повисоки од претходниот максимум во октомври 2019 година. Октомври беше петти последователен месец во кој беа забележани рекордни температури, што укажува на континуиран тренд на глобално затоплување.
Најзагрижувачките податоци доаѓаат од јули, кој можеби е најтоплиот месец во последните 120.000 години. Високите температури во текот на овој месец предизвикаа сериозни проблеми ширум светот, што доведе до суши, шумски пожари и недостиг на вода.
Просечната септемвриска температура го урна претходниот рекорд за „неверојатни“ 0,5 степени Целзиусови, што дополнително ја нагласува сериозноста на ситуацијата.
Иако октомври не беше толку невообичаено жежок како септември, сепак го собори рекордот за овој месец со „исклучителна“ разлика. Соопштението на Службата за климатски промени на ЕУ јасно укажува на непријатната реалност со која се соочува светот поради климатските промени.
Научниците изразија длабока загриженост поради продолжувањето на овие екстремни глобални температури во наредната година. Прогнозите покажуваат дека високите температури веројатно ќе продолжат и во текот на 2024 година, што дополнително ја нагласува итноста од потребата за акција.
Климатските промени повеќе не се далечна закана, тие се реалноста со која се соочуваме денес. Светот се соочува со сериозен предизвик кој бара итни глобални напори за намалување на емисиите на гасови кои создаваат ефект на „стаклена градина“ и ублажување на нивните штетни ефекти врз нашата планета и животот на неа, предупредуваат научниците.