More

    Еден час удирале во бродот, екипажот едвај се спасил

    spot_img

    Група орки нападнале и потопиле уште еден брод во југозападна Европа, откако константно удирале во него околу еден час на Ноќта на вештерките. Ова е четврти пат орките да потонат брод во оваа област во последните две години, објави LiveScience.
    Бродот „Grazie Mamma“, едреник со средна големина во сопственост на полската компанија „Morskie Mile“ бил нападнат во близина на брегот на Мароко во Гибралтарскиот теснец, објави компанијата на Фејсбук.
    Орките или китовите убијци удирале по кормилото додека не направиле голема штета и не го пробиле трупот на бродот, при што водата почнала да навлегува. И покрај помошта од мароканската морнарица и влечењето, оштетената јахта потонала во пристаништето Тангер-Мед. Сите патници пред тоа биле евакуирани.

    Необичниот напад е најновиот пример за чудното однесување на орките, кои се неверојатно интелигентни предатори.
    Од 2020 година, орките редовно ги напаѓаат бродовите во овој теснец што ги поврзува Средоземното Море и Атлантскиот Океан.
    Се верува дека нападите започнале кога групата, во која била и Вајт Гледис, женка орка која најверојатно била трауматизирана од судирот со бродовите, почнала да удира во кормилото на бродот.

    Невообичаеното однесување на китовите потоа се прошири и нападите станаа почести и похрабри. Нападите обично се случуваат во текот на пловидбата.
    Научниците веруваат дека однесувањето на орките кон овие едрилици е всушност нивен начин на игра, но биологот Алфредо Лопез Фернандез наведува дека постои можност ваква едрилица некогаш да повредила орка, поради што јатото сака да се одмазди.
    Понекогаш овие напади поминуваат без последици, но има и случаи во кои се предизвикува сериозна штета. Едрилицата „Grazie Mamma“ не е првата која е потоната по напад на орка. Од друга страна, луѓето не се цел на овие напади, ниту пак е евидентиран случај човек да умре во напад на кит орка.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img