Од самитот на ОБСЕ, настан кој што би требало да значи можност странски високи дипломати да ги видат убавините на Македонија и на главниот град, тие успеаја да отворат сомнеж за криминал со цените кои што ги прикажуваат – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Ресен, каде што се наоѓа во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”.
Тој ја коментираше информацијата дека МНР за самитот на ОБСЕ може да потроши речиси еден милион евра за изнајмување возила.
– На тие цени дури не можат да им конкурираат ниту најбогатите светски држави бидејќи се неколкукратно повисоки и од оние кои што таму на пазарот можат да се најдат – рече Мицкоски. Тој додаде дека „жали што и во последните моменти од мандатот актуелната власт докажува дека се состои од обични криминалци“.