More

    Најголеми критики за корупцијата, европското знаменце, блокадите во Собранието, пропаднатите судења…

    spot_img

    Европската комисија утре ќе ги објави извештаите за напредокот на земјите кандидатки за членство во ЕУ, кои европските лидери ќе ги разгледуваат на декемврискиот Самит на Унијата.

    Иако извештаите не се објавени на веб-страницата на Комисијата, некои медиуми во Македонија пренесуваат делови од извештајот за Македонија во кој доминираат негативни оценки најмногу за недоволната борба против корупцијата, за злоупотребата на „европското знаменце“, организираниот криминал и немањето реформи во правосудниот систем. Како еден од проблемите се наведува и политичката поларизација која доведвуа до блокада на законите во Собранието, за што се бара сите партии да почнат конструктивна и инклузивна политичка дебата.

    „Недоволното планирање е проблем, и поради тоа има претерана злоупотреба на брзите постапки, вклучувајчи и неадекватна употреба на „европското знаменце“, се вели во извештајот на ЕК за Македонија, чии делови пренесува порталот Лидер.мк.

    Во извештајот, се вели дека „европското знаменце треба да се користи кога се гласаат закони кои за главна цел имаат усогласување со европската регулатива, а не за да се заобиколи јавната дебата за важни прашања“.

    Во извештајот се вели исто така дека нема напредок во борбата против корупцијата од последниот лански извештај на комисијата.

    ,,Земјата има мало до умерено ниво на подготовка во превенција и борба против корупцијата.

    Не е постигнат напредок во борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Одолгувлекувањата и извртувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, резултираше со истекување на рокот на застареност на некои случаи. Кривичниот законик е изменет по брза собраниска постапка. Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција се намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше на голем број тековни случаи на корупција на високо ниво. Ова ја отежнува можноста на властите да истражуваат и да гонат такви прекршоци во иднина. Ова е прашање што предизвикува сериозна загриженост – се вели во извештајот на Европската Комисија, чии делови објавува Лидер.мк.
    Во извештајот на ЕК кој се однесува на судството, нотирано е и, како што велат од Комисијата, „контроверзното разрешување на претседателјката на Судскиот Совет, која создава загриженост за политичко мешање“.

    Детектирани се и бројни политички мешања и скандалозни одлуки на судовите.

    „Генерално, нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права“ – се вели во извештајот на Европската комисија.

    За Државната комисија за спречување на корупција стои дека била проактивна во обезбедувањето на јавните институции со насоки за политики за спречување на корупцијата, дека се отвориле неколку случаи, но нивните препораки треба ефективно да се следат.

    „Напорите за подобрување на функционирањето на ДКСК треба да продолжат, особено до

    доделување дополнителни средства за регрутирање на специјалистички кадар, а дополнителни човечки ресурси и финансиски средства исто така треба да се стават на располагање на ОЈО, истражните центри и на извршните единици задолжени за истрага за корупција“, се цитира извештајот.

    Шефот на дипломатија Бујар Османи на вчерашниот брифинг рече дека земјава е „далеку од подготвена за членство во Унијата“, но токму затоа ни е потребен почеток на преговорите, за што услов се уставните измени.

    Пред десетина дена во Скопје беше еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс кој беше изненаден и загрижен за измените на кривичниот законик. Тој упати остра критика и порача дека ќе се разговара на билатерално ниво. За разлика од него шефицата на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на турнејата низ Западен Балкан од Скопје ги пофали реформите и кажа дека следен чекор на земјава се уставните измени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img