Српскиот фолк пејач Аца Лукас е на сцената повеќе од 25 години, па не е ни чудно што неговите заработки се бројат во илјадници евра. Но тој не е човек кој многу се грижи за тоа на што ќе ги потроши. Инаку, познато е дека Лукас сака да троши, така што и неговата мајка Видосава во една прилика се шокирала од неговите трошоци.
Во неодамнешното ТВ-гостување, Лукас зборувал и за тоа на што сè е подготвен да потроши пари.
Меѓу другото, признал и дека мајка му буквално врескала и била пред нервен слом кога дознала колкава е неговата телефонска сметка.
„Еден период сметките за телефон ми пристигнуваа на адреса на мајка ми. И така еднаш ми се јави и ми рече: „Ти стигна сметката за телефон“, ѝ велам: „Во ред“. Во тој момент како да се вознемири и збунето ми рече: „Дали навистина плаќаш 70.000?“. Се замислив и си реков: „Како е можно тоа, кога јас плаќам и по 150, 200, 250.000. Не можев да ѝ објаснам на мајка ми дека плаќам толку многу за телефон, бидејќи често патувам и многу користам роаминг. Најинтересно е што таа сметка за која ми се јави мајка ми не беше 70.000, туку 700.000 динари, само таа не можела да си поверува, па едната нула ја игнорирала“, вели Лукас.