More

    Наградата „Константин филозоф“ ја востанови Филозофското друштво на Македонија

    spot_img

    Академик Ферид Мухиќ е добитник на наградата „Константин Филозоф“ за животно дело за 2023 година, која годинава првпат ја доделува Филозофското друштво на Македонија. Наградата официјално ќе му биде врачена на 16 ноември, во Свечената сала на Филозофскиот факултет, на 20-то одбележување на Светскиот ден на филозофијата.

    „За Ферид Мухиќ и неговите дела досега е пишувано, се пишува и ќе се пишува од автори со авторитет и перо. А треба да се има на ум дека квалитативната анализа на опусот на Ферид Мухиќ не е ни малку лесен и едноставен потфат. Станува збор за автор кој е филозоф научник, филозоф поет и писател, филозоф учител и утешител“, се вели во образложението на Комисијата за доделување на наградата за живото дело, во состав Мирко Ѓошевски, Денко Скаловски и Сузана Симоновска.

    Ферид Мухиќ (1943) магистрирал и докторирал на Универзитетот во Белград, а целиот свој својот работен век го поминал на катедрата за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје каде што предава голем број предмети. Бил визитинг професор на Државниот универзитет на Флорида, Универзитетот Сиракуза во Њујорк, Универзитетот Сорбона 8 во Париз, Меѓународниот институт за исламска мисла и цивилизација од Куала Лумпур и други.

    Член е на две академии: Бошњачката академија на науките и уметностите (БАНУ), на која и е прв претседател, како и на Европската академија на науки и уметности. Има објавено импозантен број трудови од сферата на филозофијата и на книжевноста. Застапен е во голем број филозофски и книжевни антологии во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Малезија итн. Преведуван е на англиски, арапски, германски, турски, албански, италијански и други јазици.

    Филозофското друштво на Македонија годинава ги востанови наградите „Константин Филозоф“ во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img