More

    Еден месец од војната ОН не усогласија резолуција за случувањата во Газа

    spot_img

    Солзи потекоа од очите на палестинскиот премиер Мохамед Стаје во моментот кога тој пред неговата влада раскажуваше за мајка чии деца биле закопани во урнатините под Појасот Газа.

    – Децата пишуваат имиња на нивните тела за да можат телата да се идентификуваат. Мајката на три деца, кои се затрупани под урнатините, им вели на своите деца: „Да те видам макар и на сон“ – рече Стаје и се расплака.

    А потоа продолжи и ја спомна онтроверзната изјава за „нуклеарен напад“ на израелскиот министер за еврејско наследство:

    – Израелскиот министер за наследство не беше задоволен со 10.000 мртви, повеќе од 25.000 ранети и милион раселени луѓе. Тој сакаше да ја види Хирошима во Газа. Тој сакаше да го види геноцидот извршен од нуклеарната бомба што ја поседува Израел. Крвожеден е и сака да убива заради убивање.
    Палестинскиот премиер го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог „за апсење на криминалците како превентивен чекор за да се запре машината за убивање“. Тој рече дека ги поздравува сите земји кои ќе поднесат вакво барање до судот.

    Истовремено, Соединетите Американски Држави ја осудија како „апсолутно неприфатлива“ изјавата на израелскиот министер за еврејско наследство Амихаи Елијаху.

    Израел е под постојан притисок да ги прекине огнот и својата копнена офанзива во Газа. Бројот на жртвите од палестинската страна од почетокот на војната надмина 10.000. Денеска навршува еден месец од нападот на Хамас врз Израел со кој започна војната.

    Советот за безбедност на Обединетите нации повторно не успеа да се договори за резолуција поврзана со решавањето на хуманитарната криза во Појасот Газа, предизвикана од актуелниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас, пренесуваат американските медиуми.

    По повеќе од два часа разговори зад затворени врати, вчера, останаа разликите меѓу членките на Советот за безбедност.

    САД повикаа на „хуманитарни паузи“, а многу членки на Советот за безбедност на ОН бараат „хуманитарен прекин на огнот“ за испорака на хуманитарна помош и спречување на повеќе цивилни жртви во Газа.

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно изјави дека сака итен хуманитарен прекин на огнот во Газа и запирање на „спиралата на ескалација“ што веќе се развива од окупираниот Западен Брег, Либан и Сирија до Ирак и до Јемен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img