Два случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Два случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден. Во семејниот дом на подрачјето на општина „Ѓорче Петров“, 77-годишна жена била нападната од својот сопруг. Во Чаир 38-годишна жена пријавила дека била физички нападната и малтретирана од сопругот и од неговото семејство.

„Во СВР Скопје, вчера во 18 часот,  77 – годишна жена пријавила дека околу 13.50 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров, физички ја нападнал нејзиниот сопруг П.Х. од Скопје.

Вчера во 01.00 часот во СВР Скопје, 38 – годишна жена пријавила дека на 05.11.2023 околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг А.И.(46), свекрва С.И.(71) и золва А.И.(43), сите од Скопје“ – стои во известувањето од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Share This Article