Обожавателите на Мег Рајан (61), која се врати на актерството по осум години, во новиот филм „Што се случува подоцна“, се воодушевени што повторно ја гледаат на филмското платно. Меѓутоа, некои од нив тврдат дека таа е „жртва на лоши и бизарни пластични операции“.
– Прекрасно е да се види Мег Рајан повторно на екранот, но Боже, би сакал да не се зафркаваше толку со лицето – гласи една од објавите на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
– Преименувајте го филмот во „Што се случува со лицето на Мег Рајан?“ – се пошегувала друг акорисничка.
Повеќето го изразија своето незадоволство што познатата „кралица на романтичните комедии“ го променила својот изглед.
– „Нема да дозволам ништо да ми се направи на лицето. Се плашам дека ќе испаднам како пастрмка. Сите жени во Холивуд го прават тоа сега, а сите во одреден момент почнуваат да изгледаат исто.“ Кутрата Мег Рајан, таа беше толку слатка – напишал еден на социјалните мрежи, осврнувајќи се на претходните изјави на актерката.
Иако Мег никогаш не признала дека направила пластична операција, еден експерт шпекулира дека таа не само што „отишла под нож“, туку и постапката била неуспешна.
– Таа е во хаос – изјавил познатиот пластичен хирург на лице доктор Сем Ризк, како што пренесува „Њујорк пост“.
– Мислам дека нејзиниот фејслифт тргна во погрешна насока. Странично, наместо вертикално – објаснил Ризк.
Според докторот, издајнички показател за хоризонталната операција е нејзината уста.
– Кога беше помлада устата и беше помала. Погледнете ја нејзината уста во „Топ Ган“. Сега тие се двојно поголеми. Единствен начин устата да станува поголема како што старееш… е ако се повлече на страна – продолжил тој.
Друга можна област на средување беа нејзините образи, за кои Ризк тврди дека мора да биле „наполнети со филер или маснотии“.
– Образите никогаш не стануваат поголеми како што старееш – го објаснил своето мислење познатиот доктор.
Мег Рајан беше омилената актерка поради нејзините улоги во многу омилени романтични класици, како што се „Кога Хари ја запозна Сали“, „Имаш мејл порака“ и „Непроспиени во Сиетл“.
ФОТО: Инстаграм