Смртта на актерот Метју Пери, кој беше пронајден без свест во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес, со денови ја интригира јавноста, а сега се огласи и познатиот доктор д-р Мајкл Баден кој рече дека му е сомнително што причината за смртта сè уште се молчи.
Имено, во извештајот за токсикологија, објавен пред неколку дена, се наведува дека актерот не консумирал фентанил или метамфетамин. Исто така, во неговото тело не се пронајдени траги од тие супстанции.
Се огласи поранешниот здравствен истражител од Њујорк, д-р Мајкл Баден, кој за „Фокс њуз“ тврди дека е чудно што сè уште не е позната причината за смртта на славниот актер.
„Да умреше Метју Пери од срцев удар, тоа веднаш ќе се видеше, веднаш ќе се кажеше“, порачал тој и додал дека сигурно „постои добра причина зошто молчи за сето ова“.
Баден истакнал и дека е можно актерот, кој беше пронајден во џакузито, да „умрел од топлотен удар“.
„Секако е сигурно дека починал од природна смрт, особено ако се има предвид неговата здравствена историја“, заклучил докторот.
Да потсетиме, извори од странските медиуми открија дека ќе биде направен уште еден длабински тест, кој треба да покаже дали Пери имал недозволени супстанции во телото во моментот на неговата смрт, но резултатите би можеле да потраат со месеци.