More

    Израелската армија им се закани на германските новинари: „Беа крајно агресивни“

    spot_img

    Израелските војници ја запреле телевизиската екипа на германскиот јавен сервис АРД по враќањето од снимање на Западниот Брег и им се заканувале со оружје, јавуваат германските медиуми.

    Инцидентот се случил во неделата попладне откако ТВ-екипата на јавниот сервис Bayerische Rundfunk (BR), кој е задолжен за кореспонденцијата во Тел Авив, се враќала од снимање филм во кој тема било насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

    Дописникот Јан-Кристоф Кицлер сведочи дека израелските војници јужно од градот Хеброн ги запреле и ги држеле еден час. Во исто време, како што дополнително сведочи тимот, војниците се однесувале „екстремно агресивно“.

    „Војниците ни се закануваа со оружје и не прашуваа дали сме Евреи. Еден наш колега беше наречен предавник“, изјави Кицлер.

    Ситуацијата се смирила дури по еден час, кога на контролниот пункт пристигнале и други војници и полицајци. За БР ова е јасен напад на слободата на медиумите.

    „Ова е веќе втор ваков случај оваа недела. Нашиот тим јасно се претстави како акредитиран тим од новинари и тие беа далеку од безбедносните области каде што на новинарите им е забрането да престојуваат“, рече Кицлер, додавајќи дека однесувањето на израелската армија е неприфатливо.

    Портпаролот на израелската армија изјави дека во моментов се истражува позадината на овој инцидент и се извини за „секаква непријатност“.

    Здружението на странски новинари во Израел ја повика израелската армија да ги почитува правата на новинарите, особено по инцидентите во кои беа вклучени новинари кои известуваа за напади од жителите на илегалните еврејски населби на Западниот брег на Јордан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img