Брнабиќ: Очекуваме нова ера во економските односи меѓу Србија и Кина
Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг „минала одлично“ и додаде дека се очекува нова ера во економските односи меѓу двете земји.
„Потврдивме меѓусебно партнерство, поддршка, пријателство во политичка и економска смисла. „Во политичка смисла, Кина никогаш нема да го промени својот став за прашањето за Косово и Метохија, а ние исто така целосно ја почитуваме политиката на една Кина“, изјави таа за српските новинари во Пекинг.
Таа оцени дека економските односи се „многу добри и се подобруваат“.
„Секако дека сега очекуваме нова ера во односите и меѓусебната размена, трговската размена, од потпишувањето на Договорот за слободна трговија. Утрово имав многу добри средби со кинески компании“, додаде таа.
Според неа, Кси навестил да дојде во Србија следната година.