More

    Прв е во трката за „Златна топка“, Левандовски е вечно втор

    spot_img

    Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, се наоѓа на водечката позиција во борбата за Златната топка, објави „Goal“.

    Како што е наведено, Французинот изби пред полскиот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој минатата година заврши на второто место, губејќи од Лионел Меси.

    Други кандидати за наградата се: Мохамед Салах (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Садио Мане (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер сити), Винисиус (Реал Мадрид), Фил Фоден ( Манчестер сити) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).

    Да потсетиме, на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи (3:1), 34-годишниот Бензема постигна хет-трик. Тој стана четвртиот играч во историјата на турнирот кој ја надминал границата од 80 гола (сега има 82).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img