Скопјанец дома во саксии одгледувал марихуана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 62-годишник, во својот дом на улица Влае, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал. Во еден од тоалетите во домот направил импровизирана сушара во која сушел 27 гранки со лисја и врвни делови од канабис. При претресот извршен на 3 ноември, полицијата кај него пронашла и 303 грама марихуана во неколку тегли, кутии и други пакувања кои ги чувал во домот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.

Share This Article