Универзум е страшно место. А токму на 31 октомври, кога западниот светот го празнуваше Денот на вештерките, телескопот Чандра на НАСА кој орбитира околу Земјата, со помош на рентегенски зраци, откри вселенска маглина што безмалку наликува на „божја рака“, пишува ИФЛ Наука. Започна лавината од коментари на социјалните мрежи. Некои велеа дека маглината личи на коските од човечка дланка.
Правилно наречена MSH 15-52, или PSR B1509-58, маглината е остаток од мртва ѕвезда, поконкретно супернова која експлодирала пред 1.600 години. Неутронската ѕвезда која останала по експлозијата брзо се врти и ослободува ем материја, ем антиматерија.
Ветерот го собрал материјалот што се ифрлил пред и за време на експлозијата на суперновата.
НАСА 17 дена ја истражуваше „раката“ пробувајќи да склопи точна слика врз база на многу податоци. Она што потоа беше објавено беше слика на наелектризираните честици кои патуваат околу магнетното поле кое го создава мртвата ѕвезда, односно „раката“.
А, како што млазот честички се оддалечува од мртвата неутронска ѕвезда-пулсар, линиите на полето се исправаат и поларизацијата се зголемува, откриле истражувачите. Тие заклучуваат дека честичките се забрзуваат во турбулентните региони пред да течат до местото каде што магнетното поле е поисправено…