More

    Ковачевски вели дека продажбата на удели на МЕПСО е лажна вест

    spot_img

    Интересот на грчкиот преносен оператор АПТО за купување удел во македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) за кој пишуваат грчките медиуми за премиерот Димитар Ковачевски е лажна вест, а за вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи само интерес на странска компанија за инвестирање во стратешка македонска компанија, а кој не се изјаснила владата.

    – Оваа информација доминантно ја лиферуваат опозициските медиуми во државата, а и опозициската партија имаше прес-конференција. Се работи за неточни наводи и за лажни вести, а за тоа имаше соопштение и државната компанија МЕПСО која кажа дека ниту имаат разговарано, ниту разговара, ниту пак, преговара со кого било за продавање на нејзин дел – рече Ковачевски.

    Тој нагласи дека станува збор за компанија во 100-процентна државна сопственост и додаде дека ни Владата нема водено никакви разговори за продавање на МЕПСО.

    – Значи се работи за информација која е дезинформација во делот на МЕПСО и Владата – потенцира Ковачевски.

    Откако му беше посочено за продажбата на удели од МЕПСО на грчкиот оператор Ковачевски рече дека тие имаат своја стратегија и дека тие може да имаат стратегија како што можеме да имаме и ние.

    – Доколку тие сакаат да купат дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште – истакна Ковачевски.

    Тој потсети дека земјава има закупено капацитет во Гасниот терминал во Александрополис и дека не е сопственик на дел од терминалот.

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека нема информација дека грчкиот електропреносен систем оператор е заинтересиран да влезе во МЕПСО, но рече дека е добро што има интерес за инвестирање во нашите стратешки компании.

    – Не знам што пишувале грчките медиуми. Но, независно, убаво е кога различни компании се интересираат да инвестираат во државава зашто ја гледаат геостратешката положба на земјава и можноста што постои. Ние до денес немаме официјално добиено никаков предлог, ниту имаме преговори. Кажавме дека таква одлука нема на Влада, а секако, јас сум отворен и секогаш велам – сѐ што е добро за одржливост и за доброто на државата би требало да се разговара. Но, ова прв пат го слушам, немам таква информација. Не знам кому испратиле писмо. Јас сум дел од Владата, досега такво писмо и таков интерес нема, ниту имам направено такви разговори – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img