Судирите меѓу израелските одбранбени сили и припадниците на Хамас во Појасот Газа сѐ се поинтензивни по завршувањето на израелската копнена инвазија.
Силите на израелската армија напредуваат со тешка артилерија, тенкови и воздушни напади, додека Хамас главно користи некаква герилска војна.
Скокајќи од ископаните тунели, припадниците на Хамас поставува заседа на израелските воени сили и ги напаѓаат со висок процент на успех.
Денеска на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) се појави видео во прво лице од член на Хамас како напаѓа два израелски тенкови со експлозив.
Избегајќи од засолништето, припадникот на Хамас „одлетал“ до еден од двата тенкови, поставил експлозивна направа и побегнал. Кога стигнал на безбедно растојание, го извлекол рачниот ракетен фрлач, но немало потреба од тоа, експлозивот бил доволно моќен да ги уништи двата непријателски тенкови.