More

    Рочиштето „Меѓународен сојуз” се одложи за 15 декември

    spot_img

    Јавната седница пред Апелацискиот суд Скопје по кривичниот предмет во јавноста познат како „Меѓународен сојуз” денеска се одложи за 15 декември, откако на седницата не се појави првообвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки-13, кој се неоѓа на издржување затворска казна во КПУ „Идризово“.

    Судијата Зоран Димитриевски констатираше дека обвинетиот Бојан Јовановски е уредно поканет, но не е спроведен од КПУ Идризово, додека неговиот татко, обвинетиот Миле Јовановски не е присутен, но судот нема доказ за уредна покана.

    На денешната седница во Апелација присутна беше само обвинетата Јасна Ерцеговиќ и адвокатите Стеван Павлески и Владимир Туфегчиќ, како и јавниот обвинител Бурим Рустеми.

    На 30 октомври годинава Боки 13 доставил барање до Судот за одлагање на јавната седница, со образложение дека медицинскиот протоколи за неговата здравствена ситуација подразбира исклучиво строг третман во траење од десет дена, а тој завршува на 8 ноември. Од тие причини, а со оглед на барањето лично да присуствува на јавната седница за да ги елаборира жалбените наводи, Јовановски побарал од Судот да одреди нов термин за јавна седница, но барањето не му било прифатено.

    Судењето за „Меѓународен сојуз“ заврши на 7 април 2022 година со пресуда за вкупно 14 години затвор за обвинетите, и тоа 9 години за првообвинетиот Бојан Јовановски, 4 години за Јасна Ерцеговиќ и една година за Христина Блажевска. На обвинетиот Миле Јовановски доби казна затвор од две години, условна на пет години. Правното лице „Меѓународен сојуз“ судот го осуди со парична казна од еден милион денари.

    Според обвинителниот акт, „Меѓународен сојуз“, довел во заблуда две оштетени лица, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата. Оштетените вака доведени во заблуда му исплатиле на „Меѓународен сојуз“ преку Македонска авторска агенција износи од 719.905 евра, и 233.821 евра во денарска противвредност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img