Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, денеска ќе одржи работна средба со претседателите и потпретседателите на Регионалните комори при Стопанската комора.
На средбата, како што соопшти Стопанската комора, согласно видувањата и сознанијата за состојбите во компаниите од регионот кој го претставуваат членките, се очекува претставниците да ги изнесат изградените ставови, предлог мерки или аргументирани забелешки, со цел заедничко постапување по нив.