More

    Зеленски предупреди дека Русите ќе гаѓаат со ракети и со дронови

    spot_img

    Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека со доближувањето на зимата руските напади со беспилотни летала и ракети врз Украина ќе станат посилни, но дека Украина силно ќе одговори.

    – Оваа ноќ имаше напади со околу четириесет дронови „Шахед“. Повеќе од половината од нив беа соборени… Чуварите на небото беа ефективни на територијата на десет региони: Харков, Запорожје, Херсон, Николаев, Одеса, Киев, Кировоград, Виница, Хмелницки, Лавов… Свесни сме дека, како што наближува зимата, руските терористи ќе се обидат да направат поголема штета. Ние ќе му одговориме на непријателот. Силно – рече Зеленски на својот канал на Телеграм.

    Руските војници синоќа ја нападнаа Украина со околу 40 беспилотни летала „Шахед“ и со наведуваната ракета „Х-59“, јави агенцијата Униан, додавајќи дека украинската воздушна одбрана уништила 24 беспилотни летала и ракетата.

    Повеќето од беспилотните летала беа испукани врз Лавовскиот регион, вкупно 16.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img