More

    Моќниот циклон што беснее во Европа веќе пристигна на Балканот, а денеска попладне ќе ја погоди и Македонија

    spot_img

    Моќниот циклон што беснее во Европа веќе пристигна на Балканот, а денеска попладне ќе ја погоди и Македонија.

    Управата за хидрометеоролошки работи за попладнево најави променливо силен ветер од јужен правец, со брзина од над 60 километри на час и дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Во Скопје врнежите од дожд можат да бидат повремено поројни, но ветрот од јужен правец ќе биде слаб до умерен.

    „Моќниот Џеновски циклон кај нас пристигнува денес попладне – можно невреме“, предупредува метеопрогнозерот Славчо Поповски и најавува обилни врнежи од дожд на запад во земјава во вечерните часови, во ноќта кон сабота, но и во сабота во целата земја.

    „Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме со олуен ветер, силни електрични празнења, обилни врнежи од дожд, па дури и со појава на град. Во следниот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, локално со брзина од 60 до 80 километри на час“, предупредува Поповски.

    Силен бурен јужен и југоисточен ветер ќе дува денеска и на територијата на Србија, предупреди Републичкиот хидрометеоролошки завод. Вклучени се црвениот метеоролошки аларм кој укажува на многу опасно време во Банат и портокаловиот кој укажува на опасно време во Поморавље, во источна и во југозападна Србија.

    Најсилни налети на ветер се очекуваат на југот на Банат, во долниот дел на Дунав и на планините, локално со брзина од над 100 километри на час. Во Белград ударите ќе достигнат 60 до 70 километри на час.

    Српските метеоролози најавија и обилни количини на врнежи за денеска и утре (петок и сабота), како и можни излевања на реките.

    И хрватските синоптичари издадоа црвено предупредување поради невреме со грмотевици придружени со бурен ветер и можна појава на град на места. Црвено-портокалово предупредување е издадено за дел од Хрватска поради силен ветер, а на места пороен дожд и обилни врнежи проследени со грмежи. Најмногу врнежи се очекуваат во подрачјето на Риечкиот регион, како и на подрачјето на Горски котар.

    Во Словенија, бурата стигна на запад на земјата и патува кон исток, со обилни врнежи и налети на ветер. Реките во Горењско и во Посочје почнале нагло да надоаѓаат. Бурата пристигна и во Босна и Херцеговина. Во Јабланица моментално на патот има апокалиптични сцени.

    Бурата Сиаран ќе трае во западна Европа до крајот на неделата, а најобилни врнежи се очекуваат во северозападна Шпанија, во југозападниот и северниот брег на Франција и во делови од северна Италија, која веќе е зафатена од силно невреме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img