Публиката во Париз дефинитивно не го сака Новак Ѓоковиќ. На вчерашниот меч откако при обид да сервира, некој од трибините нешто му приговори што беше доволно да го деконцентрира и направи сервис-грешка. Од устата на Ѓоковиќ можеше да се слушне жестока пцовка додека бараше топче за повторно да сервира.
„Је.о вам пас матер“ – извика Ноле.
Новинарите го прашале што се случувало и дали тој намерно провоцирал за да добие дополнителна мотивација.
– Вие мислите дека јас ја провоцирав публиката, а не спротивно? Не се сложувам, бидејќи не направив никаква провокација, но така обично излегува на крајот. Париската публика е „многу специјална“ и тоа се зборови кои најдобро ја опишуваат, но во ред… одговорил српскиот тенисер.
– Ако сакате мој став, ќе кажам дека се работеше за непочитување на двајцата тенисери, во моментите кога се „кршеше“ мечот. Публиката сакаше да влијае на неговиот, но на крајот победи тенисот – изјавил Србинот.