Мед, пчелни производи и пчеларска опрема се изложени на петтиот пчеларски саем, кој од денеска до недела се одржува на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
На саемот ќе учествуваат производители на мед и на пчелни производи, кои ќе им понудат на потрошувачите да дегустираат и да го разликуваат вистинскиот од лажниот мед.
Главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), а домаќин Град Скопје. Организатор е ПФМ (Пчеларска федерација на Македонија).
Саемот ќе биде отворен од 9 до 18 часот.