More

    Мемоарите на феноменот Бритни Спирс станаа бестселер

    spot_img

    Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс „Жената во мене“ (The Woman in Me) се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.

    „Во мемоарите ги влеав срцето и душата и благодарна сум на многубројните фанови и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка“, рече меѓу другото Спирс во изјавата за една книжарница.

    Податоците за продадените копии вклучуваат однапред нарачани книги, печатени копии, аудио книги и е-книги, според АП.

    Нејзините мемоари беа поздравени од критичарите како привлечна приказна за нејзиниот пораст до глобална слава и неволјите што ја стигнаа, особено како резултат на старателството кое со години му даваше на нејзиниот татко контрола над поголемиот дел од нејзиниот живот.

    И покрај тоа, „Жената во мене“ (The Woman in Me) не беше најпродаваната книга во првата недела од објавувањето во САД, бидејќи мемоарите на британскиот принц Хари „Резерва“ (Spare) беа продадени во 1,6 милиони примероци во првата недела.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img