More

    Се огласи мистериозната убавица која беше „уловена“ со актерот

    spot_img

    Славниот Метју Пери, легендарниот актер најпознат по улогата на Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“, почина на 54-годишна возраст, а само 24 часа пред смртта беше фотографиран со непозната бринета во ресторан.

    Се испостави дека бринетата е всушност манекенката и поранешна Мис Калифорнија, Атина Крозби (25), која е и репортерка на шоубиз и забава, а сега јавно излезе и изнесе нови детали.

    Атина Крозби, тврди дека таа е мистериозната жена којашто ручала со Метју Пери еден ден пред неговата смрт. Нивната фотографија ја објави ТМЗ.

     

    „Немав намера да кажам ништо за нашата средба, но кога некои ме препознаа на фотографијата, одлучив да се огласам.“

    Подоцна, во неколку објави на Инстаграм, таа објаснила зошто на почетокот не сакала да открие ништо за нејзиниот оснос со познатиот актер.

    „Не сакав да зборувам за ова, но она што ќе го кажам е дека имав чест лично да го познавам Метју. Многу сум уништена од неговата смрт, но мислам дека е невкусно да се зборува за тоа јавно бидејќи вниманието не треба да биде на мене, туку на него и неговата богата кариера, а тој беше исклучително приватна личност и секогаш го почитував тоа во нашето пријателство. Но, навистина, бевме пријатели и јас бев една од последните луѓе што разговараше со него пред да почине“, напишала Атина.

    „Сакам да нагласам дека Метју беше во исклучително добро расположение и со ентузијазам ми зборуваше за работите што му се случуваат во животот. Беше многу среќен и позитивен. Ве молиме, воздржете се од какви било шпекулации за неговата смрт. Ве молиме, знајте дека овој човек беше на враќање и дека навистина заслужил повеќе време на оваа земја. Нашата индустрија изгуби легенда. ПОЧИВАЈ ВО МИР“, додаде Атина.

     

    ТМЗ објави фотографии од Метју Пери со Атина, кои се направени ден пред неговата смрт. Гостите што во тој момент биле во истиот ресторан за медиумите изјавиле дека седеле повеќе од еден и пол час, а потоа заедно си заминале. Тие додале дека Пери главно ја игнорирал храната, а таа била занесена во разговорот.

    Метју Пери почина минатиот викенд на 54-годишна возраст. Тој беше пронајден мртов во својот дом.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img