Вчера во СЦ „Кале“ во Скопје почна новото издание на проектот на ФИБА – „Заедно до 16 години“, а уште на првиот ден од турнирот на кој учествуваат кошаркар(к)и родени во 2009 година и помлади, Бугарите направија скандал.
На последниот натпревар од првиот дел во кој играа Македонија и Бугарија, селекторот на нашиот источен сосед реши да го повлече тимот од теренот.
Бугарите се повлекоа од теренот од натпреварот против Македонија, кога на 3.33 минути пред крајот, нашите кошаркари имаа водство од 54-46 и се наоѓаа пред победа.
Сепак, по долги „преговори“ со бугарскиот селектор, натпреварот се доигра, а Македонија ја обезбеди победата со 60-55.