More

    Израел изврши напади и врз Либан, се воделе тешки ноќни битки

    spot_img

    Израелските одбранбени сили(ИДФ) се на влезот во градот Газа и ја пробиле првата одбранбена линија на Хамас, обзнани портпаролот на израелската армија Даниел Хагари. Извештајот на Армиското радио вели дека во тешка пешадиска битка загинале 20 терористи од Хамас, а 10 избегале. Тие пробале да ги нападнат израелците по полноќ излегувајќи од тунелите, а користеле противтенковски проектили, минофрлачи и дронови, пишува „Тајмс Оф Израел“.

    Истовремено, Израел утринава изврши воздушни и артилериски напади врз Либан како одмазда за прехтодни напади.

    Според ИДФ, претходно од Либан биле лансирани проектили кај планините Дов и Хермон. Ракета земја-воздух од Либан била насочена кон израелско беспилотно летало, но не го погодило, според „Тајмс Оф Израел“.

    Израел се соочува со постојано зголемување на нападите од либанската милитантна група Хезболах долж северната граница меѓу двете земји.

     

    Израелската армија утрово соопшти дека уште еден војник загинал во борбите во северниот дел на Појасот Газа. Вкупно 17 израелски војници се убиени од 27 октомври кога почна копнената операција врз Појасот Газа минатиот петок.

    Во текот на ноќта, силни експлозии и гранатирање можеа да се слушнат во градот Газа, вклучително и во близина на болницата Ал Кудс, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

    Израелските воздушни напади вчера погодија породувалиште во болница полна со жени и медицински персонал во градот Газа, соопшти портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кудра.

    Тој синоќа изјави дека породилното одделение претходно било преместено од главната болница во Газа, Ал Шифа, во болницата Тарват ал Хелу – која беше гранатирана од израелската војска, пренесува Ал Џезира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img