Жена од Австралија е уапсена поради сомнение дека труела три лица со печурки. Имено, на три лица им се слошило по семеен ручек во Леонгат во јули, а четвртото лице било пренесено во болница.
Жената која го послужила ручекот, Ерин Патерсон (49), била приведена во четвртокот и се уште не е обвинета, јавува Би-Би-Си. Австралијката тврди дека е невина.
Полицијата најавила истрага, а била претресена и нејзината куќа. Инспекторот за убиства Дин Томас на прес-конференција ја нагласи сложеноста на случајот, опишувајќи го како трагедија која може да „одекнува во годините што доаѓаат“.
Гејл и Дон Патерсон, родители на поранешниот сопруг на г-ѓа Патерсон, беа гости на фаталниот ручек, како и сестрата на Гејл Патерсон, Хедер Вилкинсон и шурата Иан Вилкинсон.
Тие на 30 јули завршија во болница поради тешко боледување. За неколку дена починаа брачната двојка Патерсон и г-ѓа Вилкинсон, додека нејзиниот сопруг се опорави по два месеци лекување.
Ерин Патерсон рече дека таа самата завршила во болница после оброк по стомачни болки и била ставена на физиолошки раствор и дадени лекови за заштита од оштетување на црниот дроб.
Таа рече дека за ручек послужила пита со печурки што ја купила во супермаркет и сушени печурки купени во азиска самопослуга неколку месеци претходно. „Уништена сум кога мислам дека овие печурки можеби придонеле за болеста на моите најблиски. Немав апсолутно никаква причина да ги повредам луѓето што ги сакав“.
Полицијата вели дека верува дека јаделе зелени печурки, многу отровна и често смртоносна печурка.