Светскиот топмодел Хајди Клум, повеќе од две децении се обидува за да ја задржи титулата како кралица на костими за „Ноќта на вештерките“.
Кога германската манекенка се преселила во САД во 1993 година, веднаш се заљубила во празникот „Ноќта на вештерките“, кој традиционално се одржува на 31 октомври.
– Сè што недостасуваше беше фантастична забава. Чувствував дека тоа е вистинската можност за мене, изјавила во една прилика Хајди.
На нејзината забава која ја организираше за Ноќта на вештерките оваа година таа се појави облечена како џиновски паун.
Манекенката носеше сино плишано одело претставувајќи го вратот и лицето на паун, додека околу неа учествувале уште десетина луѓе за да го комплетираат костимот на птицата.
„За ова е потребно многу планирање. Прво треба да имаш идеја, а овојпат имав идеја да направам нешто со многу луѓе“, изјавила 50-годишната Клум.
Открила дека нејзините пријатели со пердуви се всушност професионалци од „Cirque du Soleil“.
Секако, ништо не може да се случи без нејзиниот сопруг, а оваа година Том Каулиц се маскирал во џиновско јајце од паун.
ФОТО: Инстаграм