ОТА, која е од витално значење за безбедносните прашања во земјава, веќе два месеци е без директор затоа што нема согласност меѓу пратеничките групи во Собранието, каде тој се избира

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Оперативно-техничката агенција (ОТА), која е од витално значење за безбедносните прашања во земјава, веќе два месеци е без директор затоа што нема согласност меѓу пратеничките групи во Собранието, каде тој се избира, пишува агенцијата МИА.

Постапката за избор на директор е во тек, се чека договор на координаторите на пратеничките групи во Парламентот за да се стави точката на дневен ред, прво на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а потоа и на пленарна седница, на која првиот човек на Агенцијата се избира со двотретинско мнозинство.

Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска за МИА информира дека на конкурсот за директор на ОТА се пријавени 21 лице.

– Има неколку пријавени кои се дискутабилни, за кои мислиме дека треба со службите да се провери дали се соодветни со образованието. Мислам дека ќе имаме неколку спорни. Не фали нешто, туку само заради образованието – изјави Георгиевска.

На прашањето кога најрано може да се очекува ова прашање да биде ставено на дневен ред на Комисијата, таа потенцира дека не би можела да каже заради тоа што, како што рече, ја доставила листата на пријавени до членовите и замениците на Комисијата и тие ги имаат сите на увид.

– Последна информација е дека нема предлог за да се дискутира, бидејќи знаете дека треба да помине со две третини. Остана дека координаторите на пратеничките групи да имаат состанок за да се закаже седница и како ќе тече расправата по предлозите. Но, до овој момент се уште нема ништо од ниту еден координатор. Координаторите апсолутно се сите запознаени, јас пристискам да биде што поскоро, ако има нови информации ќе известам, изјави за МИА, претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Георгиевска појасни дека имињата на пријавените не се тајни, но во принцип, посочи, треба да почне расправата во Комисијата па да може да се дискутира за имиња и презимиња.

Улогата на OTA е да обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи за следење на комуникациите, во случаите кога со судска наредба е одобрено следење на комуникациите заради потребите на кривичните истраги или заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата.

Мандатот на првиот човек на ОТА Зоран Ангеловски заврши во септември. На 5 септември Собранието донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на нов директор на ОТА.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article