Жителите на три области во северната австралиска држава Квинсленд денеска добија наредба да се евакуираат бидејќи шумските пожари излегле надвор од контрола. Осумдесетина жаришта има низ целата земја, јавуваат западните медиуми.
– Градот беше спасен – изјави премиерката на Квинсленд, Анастасија Валашчук, за малото гратче Валангара на границата на Квинсленд со Нов Јужен Велс.
Повеќе од 1.000 пожарникари се вклучени во гасењето на пламените јазици низ земјата. Пристигнале екипи и од други делови на Австралија и Нов Зеланд. Во шумските пожари веќе загинаа две лица, а уништени се десетици домови.
Жителите на две соседни области во близина на градот Далвеена денеска добија наредба итно да се евакуираат. Пожарите во областа ја зафатија и соседната држава Нов Јужен Велс.
Властите денеска издадоа и трето предупредување за евакуација на крајниот север на државата, во близина на Вотсонвил.