Во обраќањето пред норевешкиот Парламент, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги осуди нападите на Хамас врз Израел, но нагласи дека израелскиот одговор мора да биде во согласност со меѓународното право.
– Ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Истовремено, важно е израелскиот одговор да се одвива во согласност со меѓународното право, животите на цивилите да бидат заштитени и хуманитарната помош да стигне во Газа – рече Столтенберг, пренесуваат британските медиуми.
Генералниот секретар на НАТО предупреди на опасноста војната да прерасне во поширок регионален конфликт.
– Иран, Хезболах и другите не смеат да ја искористат ситуацијата. Страдањата од последните недели не потсетуваат дека не смееме да се откажеме од работата на трајно и мирно политичко решение на конфликтот – рече Столтенберг.