Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од рурална област југоисточно од Лос Анџелес во САД поради шумски пожар поттикнат од силните ветрови, соопштија денеска пожарникарите.
Пожар гори во ридовите во близина на селото Агуанга во округот Риверсајд. Од синоќа пожарот се проширил на околу пет квадратни километри, изјави портпаролот на пожарникарите Џеф ЛаРусо.
Наредена е евакуација на околу 4.000 луѓе од околу 1.300 домови.
Пожарот уништи три згради, а оштети уште шест.
Областа не е густо населена, но има ранчи со коњи и голема површина каде што луѓето кампуваат.
Нема извештаи за повредени.