More

    Издадено посебно предупредување: Некои капки за очи може да предизвикаат сериозна инфекција

    spot_img

    Во САД е издадено посебно предупредување поради одредени капки за очи кои можат да предизвикаат опасни инфекции. Експертите сугерираат дека купувачите се држат до реномирани, добро етаблирани брендови.

    Претходно оваа година, редок вид на бактерија Pseudomonas aeruginosa отпорна на лекови предизвика инфекции кај повеќе од 80 луѓе во неколку сојузни држави во САД. Инфекциите се поврзани со капките за очи од EzriCare и Delsam Pharma, што поттикна отповикување од страна на Управата за храна и лекови (FDA) и Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), известува ScienceAlert.

    Најмалку четири лица починаа од инфекција со P. aeruginosa отпорна на лекови, која може да се движи од окото до крвотокот, урината и белите дробови. Повеќе од десетина луѓе трајно го изгубиле видот, а на четворица им е хируршко отстрането очното јаболко.

    ФДА сега предупреди за десетици други производи кои се продаваат без рецепт. Повторно се работи за истиот производствен капацитет од Индија. Иако тие производи се претпоставува дека се стерилни, истражувачите на ФДА, наводно, откриле „нехигиенски услови“ во објектот.

    Примероците од областа за производство на лекови покажаа позитивни резултати за некои видови бактерии, иако официјалните лица не прецизираа кои патогени се присутни. ФДА испрати предупредување пред да избијат нови инфекции.

    „Производите означени како Leader, Rugby и Velocity сè уште може да бидат достапни за купување во продавници и онлајн и не треба да се купуваат“, советува ФДА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img