Празникот на сите светци – 1 ноември е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Како што информира Министерството за труд и социјална политика, овој празник е неработен согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07).
Станува збор за католички празник согласно календарот на Римокатоличката црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они кои сѐ уште не се.
Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.