More

    Путин ги посочи и „западните специјални служби“ како поттикнувачи на хаосот во Дагестан

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини Украина и „западните специјални служби“ за поттикнување на синоќешните антиизраелски немири на аеродромот Махачкала во Дагестан. Тој ги повика руските безбедносни служби да продолжат да работат на одржување на редот.

    – Настаните во Махачкала синоќа беа поттикнати преку социјалните мрежи, не само од Украина, туку и од агенти на западните специјални служби – рече Путин.
    Тој им нареди на органите на редот да преземат „цврсти“ мерки по нападот на антисемитската толпа.

    – Сакам да го свртам вниманието на лидерите на сите региони, на водачите на полицијата и специјалните служби на потребата од цврсти, навремени и јасни активности за заштита на уставниот поредок на Русија, правата и слободите на нашите граѓани и меѓуетничка и меѓурелигиска хармонија – порача рускиот претседател, пренесува Тајмс оф Израел.

    Русија ги поддржува заложбите за прекин на огнот во Газа и решението за две држави. Русија, исто така, го налути Израел кога ја прими делегацијата на Хамас во Москва. Путин рече дека Русија се бори против американските сили во сенка во Украина, кои ги обвини и за кризата на Блискиот Исток.

    – На Палестина може да ѝ се помогне само со борба против оние кои стојат зад оваа трагедија. Ние сме Русија и се бориме со нив во контекст на специјална воена операција. И ние и оние кои се стремат кон  вистинска слобода. Клучот за решавање на овој конфликт е да се создаде суверена, независна палестинска држава – рече Путин и јасно стави до знаење дека тоа не е целта на Вашингтон.
    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска даде изјава во која го обвини „надворешното мешање“ за синоќешниот упад на толпата на аеродромот во Дагестан, каде што напаѓачите трагаа по Евреите кои слетаа од Тел Авив. Потоа најави дека Путин вечерва ќе се сретне со високи безбедносни и цивилни функционери на руската провинција Дагестан, со мнозинско муслиманско население.

    Од друга страна, Украина за инцидентот во Дагестан ги обвини руските безбедносни сили. Украинскиот амбасадор во Израел, Јевхен Корничук тврди дека руските безбедносни сили стојат зад, како што наведе, „акцијата на антисемитска толпа“ на терминалот на аеродромот во Дагестан.

    – Тие донесоа припадници на безбедносните сили на аеродромот, но тие седеа на страна, пушеа цигари и не правеа ништо – рече Корничук, коментирајќи ги немирите на аеродромот во главниот град на Дагестан.

    Корничук, исто така, вели дека немирите биле следниот предвидлив чекор „откако Русија ги угости лидерите на Хамас“ и не ги осуди целосно нападите на организацијата на 7 октомври.

    Корничук ги отфрли наводите на Москва дека Киев стои зад инцидентот на главниот аеродром во Дагестан. Тој додава дека „украинските разузнавачи соработуваат со израелските разузнавачки служби уште од првиот ден по инвазијата на Хамас“.

    Најмалку 20 лица се повредени, а 60 се приведени откако синоќа стотици анти-израелски демонстранти упаднаа на аеродромот Махачкала во претежно муслиманскиот регион Дагестан во Русија, јави утринава руската новинска агенцијата РИА. Оттаму додаваат дека се идентификувани 150 демонстранти. Во инцидентот наводно се повредени девет полицајци, од кои двајца се згрижени во болница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img