ФИФА го суспендира Луис Рубиалес, поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, на три години и предупреди дека тој „не може да се занимава со каква било активност поврзана со фудбалот на национално и меѓународно ниво“. Рубиалес беше суспендиран поради бакнување на фудбалерката Џени Хермосо без нејзина дозвола, потсетува АФП.
Рубиалес се најде во центарот на голем скандал откако ја изненади Хермосо со бакнеж во уста за време на доделувањето на трофејот по финалето на Светското првенство во август. Поради ова, ФИФА прво го суспендираше привремено, на 90 дена, а сега на три години.
Иако тврдеше дека бакнежот бил „консензуален“, откако беше извршен притисок, Рубиалес поднесе оставка. Покрај тоа, откако шпанскиот суд го обвини за „сексуален напад“, му беше изречена и забрана да и се приближи на Хермосо на 200 метри.
Поради овој скандал, кој предизвика реакции и во меѓународната јавност, Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го разреши селекторот на женската репрезентација Хорхе Вилда, близок до Рубиалес, кој беше заменет со Монсе Томе.
Женска фудбалска репрезентација на Шпанија победи со 1:0 против Англија во финалето на Светското првенство одиграно во Сиднеј, Австралија, што е прва шампионска титула за женска фудбалска репрезентација на оваа земја во историјата.