More

    Момче во САД ја избодело мајка си и му испратило фотка на пријател

    spot_img

    На 13-годишно момче од Флорида, САД ќе му се суди како на полнолетно лице за свирепото убиство на неговата мајка. Дерек Роса го извршил монструозниот чин на 12 октомври, по што тој се јавил во полиција и пријавил дека ја избодел мајка си додека таа спиела покрај неговата сестра која имала само две недели, пишува СкајЊуз.

    Медиумите претходно ја објавија аудио снимката од разговорот помеѓу момчето и диспечерот. Меѓу останатото, Дерек му кажал на диспечерот дека ја фотографирал својата мајка Ирина Гарсија (39) и ги испратил фотографиите на пријател со кој играл онлајн-игри.

    – Ја фотографирав мајка ми и им кажав на пријателите што се случи. Дали е тоа лошо? Низ подот има крв, му рекло момчето на диспечерот во текот на 18-минутниот разговор – рекол тој.

    Разговорот завршил кога полицијата упаднала во куќата.

    – Имам пиштол. Сакав да се застрелам, но не, не сакав. Ножот е во мојата соба, а во дневната има пиштол – рекло меѓу другото момчето.

    Момчето рекло дека неговата новородена сестра спиела во креветчето. Запрашан дали ја повредил, тој одговорил:

    – Не ја допрев. Не сакав да ја допрам сестра ми.

    Дерек не присуствуваше на првото судско рочиште кое се одржа во петокот, туку во негово име пред судот се појавија неговите татко и баба.

    – Дерек е многу скромно и мирно дете и никој не можеше да замисли дека тоа некогаш ќе се случи – рекол неговиот татко Хозе Роса на сослушувањето.

    Момчето е задржано без можност за кауција и моментално е во воспитно-рехабилитационен дом во Мајами.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img